Доктор Беќаровски: He ce coглacyвaм дeкa пpичинa зa пaдoт нa бpojкитe e кoлekтивниoт имyнитeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Пост-ковид синдромот има различни симптоми, последно се појави пост-ковидна мозочна магла, замагленост на видост, омалаксаност. Но има и пост-ковид вертиго, кај оние кои поминаа со полесна форма, манифестирана со вртоглавица. Кај дијабетичарите има дисрегулација на шеќерот. Два до три месеци по Ковид има намален број на сперматозоиди, не се знае вирусот кај ќе удри и прави дополнителни проблеми“, ова меѓу другото го изјави професор д-р Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија, за Студио 10 на ТВ 24.

Тој вели и дека хронично зависните од алкохолот и во текот на пандемијата не запреа со негово конзумирање.

Сепак, како што објаснува, на Клиника на токсикологија има намален број на млади луѓе, пред се поради рестриктивните мерки.

Инаку, како што нагласува д-р. Беќаровски, во земјава има околу 160.000 официјално регистрирани граѓани кои го прележаа вирусот, а уште толку има кои го прележале вирусот без да знаат. Така е и насекаде во светот, но и кај нас пост-ковидот бројката е висока. Но, тој не се согласува дека причина за падот на бројките е колективниот имунитет.

„Како што се зголемува бројот на вакцинирани, требаше да има постепен пад. За 7 дена кај нас има голем пад, тоа се должи на топлото време, според моето убедување. Британската мутација се појави зимоска и беше позаразна, толку е посклон овој сој во летните месеци да се загуби, а минатите денови имаше кај нас температури и над 30 степени. Оптимист сум дека може годинава да се оди на одмор“, изјави д-р Нико Беќаровски во гостувањето на Телевизија 24.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This