Доктop Лазаров открива: Hema доволни PCR тестови, ова е директен атak врз нapoдот – закажуваат kpвни анализи 20 дена подоцна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матичниот лекар Ненад Лазаров открива во каква состојба е македонскиот здравствен систем.

Имено тој на својот Фејсбук објави дека се појавил кусок на PCR тестови во јавното здравство, тестови кои се единствен начин да се дијагностицира коронавирусот.

Тој потенцира дека ниту може да се дијагностицираат граѓаните ниту пак да се изолираат.

-Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права!

Ниту може рано да дијагностицираме ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: “да изгори епидемијата”.

Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена па и недела додека чекаат термин за тест???

Молкот на фелата е недозволив, пишува тој на Фејсбук.

Лазаров открива и друг проблем во јавното здравство, тој посочува дека се чека и по 20 дена за да се направи обична крвна слика.

-Вчера 6ти Октомври,

Праќам ковид пациенти со ковид упат за крвни анлизи во поликлиника Јане Сандански.

Им закажале боцкање на 22ри Октомври, пишува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This