Доктop 3aфиpoвcки: Алapмaнтнo e aepoзагадувањето, чecтичките пpeдизвикувaaт канцep, caмо вo Cкoпje умиpaaт 1.300 луѓе гoдишнo кaкo пocлeдица нa нeчиcтиoт вoздyx

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доктор Оливер Зафировски кој во „Магазин“ во Сител телевизија зборуваше за аерозагадувањето посочи дека ПМ честичките од аерозагадувањето се многу штетни затоа што предизвикуваат канцер на белите дробови, во Скопје само 1,300 луѓе годишно умираат од аерозагадувањето.

Тој вели дека зголемената влага носи и зголемување на аерозагадувањето, па среќна околност е тоа што оваа година благата зима ги спаси граѓаните од многу поголемо загадување со магла.

-Во Скопје на годишно ниво имаме над 1,300 луѓе кои ја губат битката со аерозагадувањето и умираат, над 400 луѓе во Европа ја губат битката заради зголемо аерозагадување, истакна Зафировски.

Доктор Зафировски вели заради проблемите со здравјето и загадувањето произлегла неговата книга „Здравјето, времето и аерозагадувањето“.

-По СЗО и Европската организација за климатски промени и Американската асоцијација за здравје имаме шест загадувачи, тоа се сулфур диоксид, јаглерод моноксид и диоксид, азотните оксиди, зонот, тешките метали и партикуларните честички ПМ, сите овие заедно, од автомобилите до депониите, до топење на комунален штетен отпад и останато придонесуваат за зголемено аерозагадување, објасни тој.

-Над седум милиони луѓе во светот умираат од аерозагадувањето, тоа предизвикува долгорочни последици затоа што партикуларните честички навлегуваат во крвните садови, брзо се шират во организмот, низ нервниот систем и срцето и доведуваат до развој на канцер на белите дробови, појасни Зафировски.

Докторот вели дека мора да се воведат параметри кои не смеат да се надминуваат, дозволената концентрација на ПМ честички е помалку од 50 микрони на кубен метар, но во Скопје има моменти кога загаденоста надминува десеткратно повеќе и тоа е навистина штетно, затоа граѓаните со хронични заболувања се први на удар.

-Ние попусто зборуваме за Европската унија, кога на Министерството за животна средина му треба години и години за да ги воведе сите стандарди против загадувањето, мора да се намали емисијата на издувните гасови и начините на кои се затоплуваат домаќинствата, затоа што ова е социјален здравствен, економски и еколошки проблем, заврши доктор Зафировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This