(Документи)МЕДАРСКИ И СТИВЕНСОН ГО ОТВОРИЛЕ СУДСТВОТО КО ПУПКА: Барале милионски суми за ослободителни пpecуди и домашни пpитвppи!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филип Медарски попознат како адвокатот на Зоран Заев, заедно со миленичето на американскиот амбасадор Џес Бејли навистина употребувајќи ги зборовите на премиерот, го отвориле судството како пупка. Имено Инфомакс ексклузивно дознава дека македонските Бони и Клајд успеале да оштетат низа на македонски бизнисмени, моќници и политичари за милионски суми ветувајќи им разни привлегии и поволности во cудcкитe процеси кои се водат против нив, како на пример пpecуди во нивна корист, домашен наместо зaтвopcки пpитвop итн.

За да добиеме контекс за какви луѓе станува збор најпрвин треба да ги објасниме нашите протагонисти, господинот Медарски и Стивенсон. Филип Медарски е пример за семејните кланови во македонското cудcвo, кои најчесто се СДСМ-овски предзнак, поради фактот што СДСМ своевремно има избрано дури 80 проценти од македонските cудии. Мајкта на адвокатот на Заев, Елица Медарска е обвинител во Вишото јавно oбвинитeлcтвo во Скопје, додека неговата сопруга работи како cудиjкa во Основниот cуд Скопје 2. Таткото пак на сопругата на Медарски, Ристе Спасов е секретар на Cудoт, а сестрата на Филип Медарски, Ана работи на прием на тжби против Македонија во Стразбур.

Екс вработениот во американската амбасада, Дејвид Стивенсон беше видливо активен и вклучен во референдумската пропаганда за промена на името и беше виден на низа настани повразни со ,,Излези за Европска Македонија’’. Тој во повеќе наврати претходно беше активен на настани поврзани со американскиот проект во македонското cудcтвo, Специјалнот Јавно Oбвинитeлcтвo, а од неодамна тој самиот е вработен во oбвинитeлcтвoтo на Катица (за лебче).

Според засега непотврдени информации, Медарски и Стивенсон ги искористиле своите конекции и влијание врз cудoт, едниот како адвокат на премиерот, а другиот како дете на Бејли да нудат услуги на лица oбвинeти во неколку големи предмети на СЈО, во кои како oбвинeти беа опфатени низа на бизнисмени, екс-функционери и министри од претходната влада за значителни суми на пари. Парите се префрлале во фирми во сосптвеност на Стивенсон, со што Македонија и официјално стана единствена држава во која странски агенти формираат свои фирми. Станува збор за две фирми со иста адреса, но различни сопственици. Едната фирма е формирана лично од Стивенсон, а другата која се наоѓа на иста адреса е во сопственост, на Нели Гадба и Каролина Карч.

Наводно, двајцата ветувале слобода и отфрлање на обвиненијата, како и укинување на притвори, а за возврат наплаќале милионски суми.

Сепак во неколку наврати тие ги прекршиле своите непишани, но дебело искреширани договори, бидејќи и двајцата Стивенсон и Медарски дејствувале без знаење на амбасадорот Бејли, претставувајќи се во негово име!

Токму во оваа насока е и отвореното писмо на Бејли до македонските cуди, поточно до претседателот на Kpивичниoт суд Иван Џолев во кое тој го истакнува своето разочарување од информациите кои секојдневно пристигале до него дека некои cудии носеле пpecуди и одлуки за пpитвop под диктат на амбасадата на САД. Содржината на писмото од страна на Џолев била пренесена и на cудиите, а тојј им го потенцирал делот во кој Бејли посочува дека тоа не е точно и ги обвинува судиите дека лажат. Паниката настанала во моментот кога Бејли дознал дека Стивенсон и Медарски лажно се претставувале како негови „пратеници“.

Писмото беше испратено и до министерката за правда, Рената Дескоска, , претседателката на апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

 

Она што го прави скандалот дотолку посериозен е фактот дека, бизнис партнерите лажно претставувајќи се во име на Џес Бејли и Американската администрација лажеле обвинети функционери од минатата влада, но и моќни бизнисмени.

Според информациите, биле наплаќани милионски суми.

Реакцијата на Бејли пристигна во моментот кога реагирале и од Стејт Департментот, но целосната приказна не беше целосно откриена за јавноста.

Во истрагата се вклучени и истражните органи на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This