April 30, 2024, 10:13 pm

(Документи) Бomба на Викиликс: Клинтон уште во 2009 била загpижeна за лабораторијата во Вухан и пpoизводството на биoлoшko opyжје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коминикето на Стејт департментот од 2009 година открива дека Хилари Клинтон, тогашен државен секретар, предупредува поради отворањето на Институтот за вирологија во Вухан во Кина и изразува „загриженоста за производство на биолошко оружје“.

Порталот „Human events# известува дека комуникацијата, која претходно е објавена од Викиликс, е испратена во јуни 2009 година до сите амбасади во земјите членки на Австралиската група, група што се занимава со спречување на производство на смртоносно оружје.

Во комуникацијата, Клинтон пишува „Ние веруваме дека е важно да се фокусираме на новите хемиски и биолошки технологии, трендовите во трговијата на стоки поврзани со CBW (хемиско и биолошко оружје) и закините од истите“.

Клинтон конкретно им се обрати на француските претставници, пишувајќи „САД веруваат дека учесниците ќе имаат корист од информациите за вашето искуство и помошта на Кина во воспоставувањето на лабараторија со биосигурносно Ниво-4 (BSL-4) лабораторија во Институтот за вирологија во Вухан од перспектива на контрола на трансфер на технологија “

„Особено сме заинтересирани да знаеме како Кина планира да ги проверува странски истражувачи од други земји од држави каде се произведува биолошко оружје“, додава Клинтон.

Во пораката испратена од Клинтон натаму се вели „САД верува дека членовите на Австралиската Група ќе бидат заинтересирани да споделат информации во врска со Кина и Северна Кореја, конкретно информации поврзани со:

Кинескиот Институт за биолошки производи (локации во Пекинг и Вухан), да вклучи анализа на снимки од воздух, ако е можно.

Вашите информации за активностите за производство на хемиско и биолошко оружје од страна на кинески субјекти.

Вашите сфаќања за напорите на кинеската влада да ги спроведат правилата за контрола “.

Сомнежите на Клинтон се уште еден потсетник дека лабораторијата во Вухан САД ја сметале како локација на која се произведува биолошко оружје.

Поранешниот државен секретар, Мајк Помпео, исто така, постојано тврди дека Кина ја користила лабораторијата за истражување на биолошко оружје.

„Она што со сигурност можам да го кажам е ова: знаеме дека тие беа ангажирани во напори поврзани со Народноослободителната армија во рамките на таа лабораторија, така што воената активност се изведува заедно со, како што тврдат, старите добри цивилни истражувања“, изјави Помпео.

„Тие одбиваат да ни кажат што е тоа, тие одбиваат да ја опишат природата на нивното истражување, тие одбија да и дозволат пристап на Светската здравствена организација кога таа се обиде да влезе таму”, изјави Помпео .

„Таа лабораторија за вирологија сè уште работи и работи. Сè уште веројатно ги спроведува истите видови истражување што ги спроведуваше “, потенцира Помпео

И покрај претходните предупредувања на Клинтон во врска со лабораторијата во Вухан, таа во повеќе наврати ги обвини оние што вперија прст кон Институтот, главно Трамп, за употреба на „расистичка реторика“:

Целата објава на Викиликс можете да ја погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This