(Дoкyмeнт) Официjaлно: Владата им пpeпорача на сите дpжaвни opгани дa дониpaaт зa Глoбaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата пред неколку дена ги извести граѓаните во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица.

„Владата донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица“, информира владината прес-служба .

И официјално Владата им препорачала  на сите органи на државната да донираат за трговскиот ценар во Струмица.

“Натчовечки напори вложија струмичките пожарникари и нивните колеги за локализирање на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица. Огнот којшто зафати голем дел од внатрешноста на објектот им оневозможуваше на пожарникарите да влезат и одвнатре да реагираат, бидејќи според првичните информации, огнот тргнал некаде од задниот влез што се користи за дотур на стока. Затоа, беа принудени да кршат стакла на првиот кат на објектот и оттаму да влегуваат, но и на неколку локации од надворешниот дел, особено откај катната гаража, којшто не беше во пламен”, објави струмичката ТВ КаналВис која пишува за проблемот со неисправните хидранти кои доколку беа исправни штетата можеше да биде далеку помала.

“Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во објектот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие пак, се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудиваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време”

Од тоа што може да се најде како архива за „Глобал“, Заев заедно со уште петмина заврши во притвор во средината на јули 2008 година. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра веројатно се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.

„Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување … ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години“, пишува во ставот три од членот 353 од KЗ.

Уште повеќе во последниот став на овој член се вели дека ако злоупотребата на службената положба и овластување е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, „сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

На 1 февруари 2006 година Општина Струмица носи одлука за реконструкција и надградба на Градското пазариште за што до Бирото за јавни набавки поднел известување дека ќе спроведе тендер за изградба на трговски центар на ова место.

Со јавно-приватно партнерство на две фирми им било дадено земјиштето на кое се наоѓал стариот пазар. За изградбата, Општината експресно издава дозвола за градба, а фирмите што го добиле тендерот веднаш почнале да градат.

Во текот на изградбата на трговскиот центар во 2006 и 2007 година во неколку наврати државниот управен инспекторат увидел дека дозволата за градба не е законска и ја поништува (за земјиштето, кое инаку е во државна сопственост, биле иницирани постапки за денационализација).

Државниот управен инспекторат во март 2007 година носи решение со кое им наредува на Општината и на инвеститорите да ја прекинат градбата, но Заев ги игнорира ваквите налози.

Објектот со огномет на 1 јули 2008 година како капитална инвестиција на градот го отвори тогашниот претседател на државата и доскорешен сопартиец на Заев, Бранко Црвенковски. По две недели, Заев со своите општински соработници, како и газдите на фирмите што го градеа „Глобал“, завршија во притвор.

На 3 август 2008 година Црвенковски го искористи своето дискреционо право да ги помилува сопартиецот Заев и неговите соработници и да го прекине кривичното гонење против нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This