April 28, 2024, 10:24 am

Доналд Трамп и Меланија се позитивни на Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Доналд Трамп и Меланија, првата дама на САД, имаат позитивен тест на коронавирус. Се верува дека болеста ја добиле од блиската соработничка Хоуп Хикс, која патуваше со Трамп оваа недела во предизборниот каравам.

Трамп потврди дека тој и неговата сопруга Меланија биле позитивни на Ковид-19 и веднаш ќе започнат со карантин.

Претседателот и првата дама добија тестови откако блиската соработничка Хоуп Хикс започна да покажува симптоми. Хикс се тестираше како позитивна во четвртокот вечерта.

Во објава на Твитер,Трамп напиша: „Вечерва,@FLOTUS и јас бевме позитивни на КОВИД-19. Ние ќе го започнеме нашиот карантин и процес на опоравување веднаш. Ќе го надминеме ова ЗАЕДНО! “

Потегот веднаш ја доведе во хаос трката за претседателската функција, на едвај 30 дена пред изборите.

Од претседателот – и веројатно поголемиот дел од неговиот потесен круг – ќе се бара карантин во траење од 15 дена. Втората дебата со демократот Џо Бајден треба да се одржи на 15 октомври.

На 74 години, Трамп влегува во најризичната ковид група за Ковид-19. Бајден, 77, исто така, ќе се смета за „изложен на ризик“ поради неговата возраст.

Исто така, тоа може сериозно да влијае на изборите во ноември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This