ДОНАЦИЈА ОД ФФМ: Три амбyлaнтни возила за Клиниkaта за хиpyршки болecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги предаде во трајна сопственост трите амбулантни возила набавени за потребите на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопјe.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини рече дека федерацијата на ваков чекор се одлучила имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници.

Едноставно, ова е време и моменти кои нè потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега многу пати била потврдена, тоа е еден од важните постулати во работењето на ФФМ и наша должност е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Директорот на Клиниката за хируршки болести, Љубен Арсенков, се заблагодари за донацијата и рече дека овие возила ќе им бидат од големо значење со оглед на тоа дека досега имале возила кои се стари над 20 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This