April 30, 2024, 10:39 pm

Донирајте за Михаела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА,
собира парични средства за Михаела Живановска (2014).

Михаела има 4 години и кога е родена била нормално бебе како секое друго.

Но како растела, на 6 месечна возраст родителите забележале дека не го држи вратот и е испратена на дополнително снимање на главата. Резултатите покажале дека има оштетување на белата маса на мозочето и констатирана е дијагноза – G 80 церебрална парализа хипотонична.

Михаела не зборува, не седи и не оди, има груба моторика но психички е здрава.

По препорака на докторите упатувана е на физикална терапија за да и зајакне мускулатурата. Родителите ја носеле во Еразмо, Мајчин дом, Козле, на приватен физиотерапевт но сето тоа не покажало никакви резултати.

Дознале за болницата за рехабилитација специјализирана за вакви деца, Ренона во Словачка, каде поминале 11 дневен третман. После првиот ден приметиле подобрување кај Михаела а после целосниот третман резултатите биле повеќе од охрабрувачки.

Нејзините родители се со многу ниски примања (мајката поради болеста на детето работи скратено работно време за 6.000 ден), и поради тоа на малата Михаела и е потребна нашата помош да може да отиде на уште два рехабилитациони циклуси во странство а поучени од првиот третман, родителите се сигурни дека Михаела ќе може сама да оди!

На Михаела можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да и помогнеме на Михаела да може да оди без ничија помош! Да бидеме хумани како секогаш!

Денарска: 2400-501-090-09548

Девизна: SWIFT: UIBMMK22XXX IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This