Досега починaлe 1376 лица, само вчера короната однесе 31 живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов 31 смpтен случај е регистриран во вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Седум пациенти се од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64г), двајца од Куманово (76 и 67г), еден од Дебар (71г), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78г), двајца од Тетово (72 и 76г), двајца од Велес (78 и 78г), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67г), три од Охрид (65, 78 и 78г), еден пациент од Кавадарци (72г), еден од Гевгелија (56г), тројца од Кичево (47, 68 и 53г) и еден пациент од Неготино (74г).

Министерството информира дека направени се 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на коронавирус од кои:

-Скопје 503, Куманово 55, Дебар 1, Штип 14, Прилеп 45, Тетово 40, Струга 32, Велес 29, Битола 67, Охрид 40, Кавадарци 15, Гостивар 22, Гевгелија 10, Струмица 11, Крива Паланка 12, Радовиш 6, Крушево 4, Кочани 3, Пробиштип 3, Демир Хисар 4, Берово 1, Валандово 1, Виница 5, Делчево 3, Свети Николе 13, Кичево 14, Ресен 2, Неготино 22.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 843 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 296.802 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, на починати е 1376, а бројот на активни случаи изнесува 18591.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека преносливоста на вирусот е намалена, но притисокот врз болниците е сè уште голем. Според вчерашните информации, во инфективните оддели во Скопје и болниците низ земјава вкупно се хоспитализирани 1.225 пациенти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This