ДОЈДЕ ЖИВОТОТ: Втор ден власта мoлчи за диpeктните зakaни до новинарите од страна на Драги Рашковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Втор ден јавноста, новинарските здруженија, политичките партии, аналитичарите, експертите и адвокатите се во невеpyвање од директните зakaни кон медиумите и новинарите од страна на генералниот секретар на владата на Република Македонија Драги Рашковски.

Но уште по шokaнтен е фактот што владата се уште не излегува со свој коментар за ckaндaлозното однесување во владата од страна на Рашковски, со што се докажува дека тие отворено го поддржуваат во зakaните упатени кон новинари и медиуми.

Власта која се kолнеше во слободата на новинарството кое било зaробено од претходната власт 11 години по ред, сега отворено најавува тyжби кон новинари, додека во минатото бараа од ВМРО-ДПМНЕ да не ги тyжат новинарите и да ги повлечат сите тyжби кон нив.

Пpитиcокот кон медиумите и новинарите веќе трае три години откако СДСМ е на власт, а постојаните реакции на новинарските здруженија речиси никој да не ги применува.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото ги повлече тyжбитe пpoтив новинарите, додека СДСМ јавно се зakaнува кон новинари и медиуми.

Инаку ова не е прв пат новинарите да не добијат никаква заштита три години откако СДСМ е на власт.

Пред само неколку денови откако медиумите објавија скандал со градоначалникот на Шутка Курто Дудуш кој преку аудио снимка се слуша како киднапира и физички малтретира човек, директно се закани до редакцијата на Лидер која го објави скандалот.

Неодамна исто така новинарот Бранко Героски кој си даде оставка од функцијата на главен и одговорен уредник во дневниот весник Слободен печат истото го направи поради притисокот со кој се соочувал додека го водел слободарскиот весник кој го негувал критичкиот однос кон властите.

По ова реагираше и Здружението на новинари на Македонија кое потсети дека „Уставот на Република Северна Македонија ја гарантира слободата на изразувањето, а цензурата е забранета“.

Героски за „Гласот на Америка“: Не се чувствувам сосема безбедно да ја вршам новинарската работа

„Најтешко е кога човек брани апстрактни вредности, но сепак реални како што се слободата и демократијата во едно општество, за нас новинарите слободата на печатот е кислород, а мене, како и на моите деца во иднина ќе им биде битно да живеат во едно поинакво општество“, порачува, новинарот Бранко Героски во интервју за Гласот на Америка.

Тој во интервјуто зборува за притисоците, провокациите, заканите, клеветите.

-Јас сум навикнат на притисоци, на провокации, на закани, на секојдневни навреди и клевети. Навикнат сум на нешто што е лошо. Таа своја навика ја користам да го издржам оној притисок кој сега го чусвтвувам, во време на, нели, промени. Но, во секој случај не би рекол дека се чувствувам доволно, до крај, безбеден и комотен да го правам она што сакам да го правам, односно да ја употребувам својата слобода на изразување, па и до степен на неумерена критика. Мислам дека македонските власти треба да се навикнат дека тоа е една нормална состојба, дека критиките од новинарите, колумнистите, јавните личности, можат да бидат и полезни и корсни за секоја власт. Јас така се однесувам без оглед што ситуациите со кои се соочувам секојдневно не се баш пријатни, истакна Героски во интервјуто.

„Чедата живи да ви ги запалат, вие сте мртви копилиња“: Грозоморни закани до новинарите од КУРИР, БАРАМЕ ИТНА РЕАКЦИЈА ОД НАДЛЕЖНИТЕ!

Редакцијата на КУРИР повторно е мета на грозоморни закани. Досега ниту еден ваков случај не е разрешен иако за тоа имавме поднесено пријава во полиција, а на средби ги информиравме и претставниците на ЕУ и американската амбасада во Скопје.

Со оглед на ова, ги пренесуваме јавно заканите кои ги добиваме од лицето кое насвојот Фејсбук профил е потпишан како Триамира Николов.

Освен на вработените во КУРИР, овој човек, посакува смрт и на нашите родители и на нашите деца!

Ваквата тортура мора да престане, а надлежните бараме ИТНО и КОНЕЧНО да реагираат!

Бараме сите надлежни институции, МВР, здруженијата на новинари ЗНМ и МАН, Хелсиншкиот комитет и меѓународните претставници соодветно да реагираат.

Ја прашуваме и власта: Дали е ова слободата на медиуми, заштитата на новинарите и демократијата за која со години од опозиција зборуваше?

ИНЦИДЕНТИ

Годинава имаше закани по живот, закани со насилство, навреди и клевети упатени кон новинарите на редакцијата Курир.мк директно преку социјалните мрежи. Во таа прилика МАН ги повика МВР и обвинителството да ги преземат сите мерки против лицето кое се заканува по живот и да ги заштитат новинарите од вакви и слични закани, напади, навреди.

Минатата година во септември дел од новинарите на социјалните мрежи ја споделија случката од брифинг со вицепремиерот, Кочо Анѓушев посочувајќи дека се се’ случувало кога камерите биле исклучени. Анѓушев како што рекол на брифингот, бил лут затоа што бил критикуван од медиумите. На вицепремиерот Анѓушев не му се допаднала емисијата на 360 степени и во знак на револт на брифингот го фрлил фломастерот кон новинарите со кој црташе и објаснуваше за автопатот Кичево – Охрид. „Претеравте, претеравте“, со висок тон Анѓушев повторувал и гледал кон новинарите, кои не знаеле за што се работи.

Јули минатата година пред почетокот на лидерска средба свикана од Заев на фоторепортерите не им беше дозволено фотографирање. И не само тоа, следеа и закани од раководителот на владината служба за односи со јавност, Марјан Забрчанец „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“. По овој инцидент предизвикан од претставник на владата на СДСМ, реагираат Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, како и од еснафските здруженија.

Во средината на април оваа година беше забележано уште едно оневозможување на новинари во вршење на својата работа. Имено новинарска екипа на тв21 беше нападната во Арачиново, а инцидентот се обидоа да го сокријат надлежните, па реакции дојдоа по некој ден од настанот.

На почетокот на 2018 година исто така беше нападната екипа на ТВ 21, но тогаш во МНР, тогаш новинар на телевизијата беше предупреден од страна на вработен во министерството да не го доврши прашањето кое што решил да го постави.

ОПОМЕНИ

Кон крајот на април годинава повикувајќи се на благо зголемување на случаи кои зборуваат дека новинари се мета на говор на омраза претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ги потсети Владата и институциите дека треба да гарантираат безбедна средина за работа на новинарите. Тој нагласи дека тоа може да се постигне единствено со прекинување на неказнивоста на оние кои напаѓаат новинари. Ова е само едно од низата укажувања од еснасфските здруженија.

Во февруари годинава Здружението на новинари на Македонија го повикаа премиерот Заев „сериозно да разговара со своите министри бидејќи изјавите и однесувањата се непримерни и директно ја загрозуваат слободата на медиумите и слободата на изразувањето“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This