ДОЈДЕ ЖИВОТ: Додека студентите мрзнат во студентските домови, директорот удри на прослава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојбата во студентските домови е катастрофална, храната не ги задоволува ниту хигиенските, ниту калориските потреби, нема топла вода, а нема ниту греење. Додека студентите живеат во субстандардни услови и ја плаќаат цената за неспособноста на менаџментот поставен од новата власт, менаџментот прославува со жива музика и флаши скап виски за ,,добро сработеното”.

Се работи за директорот на Државниот студентски дом  ,,Скопје”, Дарио Николовски кој раководи со сите студентски домови во Скопје, домови кои се во слободен пад во кои нема услови за живеење, запрена е нивната реновација, а нема ништо ниту од ветувањето за изградба на нови студентски домови и проектот на СДСМ ,,студентски град”.

Додека директорот повеќе од очигледно добро се забавува и ја тера ноќната шема, сликите од студентските домови повеќе наликуваат слики од некој хорор филм отколку на државната институција во која расте иднината на Република Македонија. Овие фотографии од два различни света се уште еден доказ дека животот во Македонија дојде само за одбраните на Заев, неколкумината државни и партиски функционери кои го искористуваат максимумот од придобивките на власта, без тронка одговорност за ситуацијата во која се наоѓаат институциите кои ги контролираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This