„ДОЈДЕ ЖИВОТ“: Македонците се пишуваат како Албанци и Турциј за парче леб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еднаквото општество кое толку многу власта го најавуваше по се изгледа не важи за сите. Заради апсурдноста на законите кои се произлезени од рамковниот договор голем број граѓани се приморани да ја променат својата национална определба за да го добијат посакуваното работно место.

Буквално понижување од страна на властите врз граѓаните на Македонија. Како и во неколку претходни случаи така и се Македонци се приморани да потпишат дека се определуваат како Албанци или Турци за да останат на своето работно место.

Така според соопштението кое беше испратено до нашата редакција во Управата за културно наследство Билјана стана Албанка, додека пак Жаклина стана Турчинка.

Воедно од управата до вработените им има издадено напомена дека на овие две колешки треба да им се обраќаат спрема новата национална определба и да ги поздравуваат на соодветен јазик, кој да бидеме искрени ни самите не го разбираат.

За таа цел во табела напишани се преводи на турски и албански јазик за добро утро, добар ден, како сте, честито итн.

Очигледно бетонираниот идентитет пукна поради предизборните вработувања.

Извор: Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This