Дојче Веле им го „свapи гpaвот“: Купуваат лукcyзни коли, па питачат за пожapни по комшии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во период од 2,5 години пред летото 2020 година, во земјата биле набавени вкупно 392 возила по просечна цена од 17 илјади евра по возило. Или вкупно 8 милиони евра.

Доколку на тоа се додаде и новиот владин тендер за набавка на службени возила во износ од нешто помалку од два милиони евра, се доаѓа до сума од 10 милиони евра за последните, нешто помалку, од три години, открива новинар ан Дојче веле.

Наспроти тоа, во земјата има вкупно 241 противпожарно возило, со просечна старост на возилата од 28 години.

На листата на најскапо набавени возила, се 4 оптини, меѓу кои на првожжто место е Општина Струга:
Градоначалникот Рамиз Мерко во 2019 година си купил службено ауди од 66.700 евра, но и две возила „шкода октавија“ и една „шкода рапид“ во време кога општината имала замрзната сметка поради натрупани долгови од 4 милиони евра.

За разлика од Мерко, „најновото“ возило со кое Територијалната противпожарна единица Струга гаси пожари во регионот е од 1993 година и тоа добиено како донација пред 8 години. Четири возила се од донација, од кои две се донирани уште од времето на поранешна Југославија.

За разлика од возилата кои се, сепак, функционални, истото не може да се каже и за противпожарните цистерни кои се од 1956 година и не се во употреба, открива истражувањето на новинарот Александар Манасиев за Дојче веле.

Само како потестување, претседателот Стево Пендаровски се обрати за помош за справување со пожарите до бугарскиот колега Румен Радев, Премиерот Зоран Заев ги контактирал Александар Вучиќ но и техничкиот премиер на бугарија, Радмила Шекеринска побара помош од Словенија…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This