April 27, 2024, 12:55 am

Дојче Веле открива кога ќе си замина 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев ќе се повлече од функцијата по годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието, велат неофицијално за ДВ извори од владејачката коалиција. Не прецизираат дали тоа ќе биде истиот ден или ден потоа, но според овие извори, намерата на премиерот била да се повлече пред крајот на годината, со цел да почнат да течат роковите за нова влада, и тој процес да заврши до средината на јануари.

Засега нема официјална потврда на овие наводи, но сосема е извесно дека крајот на оваа и почетокот на идната година ќе биде политички интензивен – од една страна е барањето за предвремени избори од страна на опозицијата, а од друга – намерата на актуелното мнозинство да формира стабилна влада која ќе ги води процесите до крајот на мандатот.

Она што не може целосно да се предвиди, е како на актуелната состојба ќе се одрази бугарското вето, кое функционира како систем на сврзани садови со внатрешните состојби во земјава. Неотстапувањето на официјална Софија oд досегашните позиции, веќе го отвори прашањето за одржливоста на владиното мнозинство, со оглед дека една од причините за привлекување на новиот владин партнер – Алтернатива, беше важноста на моментот, односно шансите за можен почеток на преговори со ЕУ.

Извор: Дојче Веле

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This