Дојче Веле: Maкедонското пpaшање станyва безбеднocна зakaна зa peгионот и Евpoпа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цели 107 години по Балканските војни кога Македонија била закана за трајната безбедност на Балканот и континентот еден важен европски политичар од најважната земја членка на ЕУ ја поврзува Македонија со безбедносни последици за регионот и за Европа.

Германскиот министер за Европа Михаел Рот вели дека Германија како претседавач со ЕУ прави сè што може да се дојде до компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Македонија затоа што поинакво сценарио и блокада за Македонија ќе биде тешка политичка грешка и ќе ја загрози безбедноста на Европа.

„Како претседавач со ЕУ правиме сѐ што можеме за во најбрз рок да се дојде до компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, а по исполнувањето на некои дополнителни услови, и со Албанија. Сѐ друго ќе биде тешка политичка грешка со цена по стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и тоа тешко ќе ја загрози и безбедноста на Европа. За тоа треба сите да бидат свесни“, изјави Рот во обраќањето пред денешната онлајн конференција на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Рот во изјавата пренесена од„Дојче Веле” на македонски јазик изјави дека билатералните барања на една земја членка на ЕУ го запреа проширувањето на ЕУ, затоа што останатите 26 земји членки не се прикучиле на овие барања.
Германскиот министер за Европа најави дека и покрај тоа, тој денеска на дневен ред пак ќе ја стави темата за проширување на ЕУ.

„Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал, досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат”, рече Рот.

Бугарија го блокира усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, бидејќи останатите 26 земји членки на ЕУ се противат бугарските барања за негирање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет да бидат вметнати во рамката за преговори.

Претседателство на Германија со ЕУ завршува на 31 декември кога од кога со ЕУ ќе претседава Португалија за која проширувањето воопшто не е приоритет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This