До вчера заедно во иста тиква, сега се раскарале – Портали vs. Агрегатори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порталите од „Клип медија груп“, како што пренесува Макфакс, – „А1он“, „Макфакс“, „Репортер“, „Топ спорт“, УСБ и „Додај гас“ – излегуваат од Time.mk и нивните содржини повеќе нема да можe  да се најдат на овој агрегатор на вести.

Причини за ваквиот чекор, пишува Макфакс, имало повеќе, но најбитната била дека ниту еден агрегатор на вести не може да се однесува како сака со креаторите на содржини од кои тој зависи и заработува.

Како агрегатор на вести, кој илјадници евра годишно заработува благодарение на посетите остварени на содржини на други медиуми, не смее да си дозволи да ги обојува и да им одредува политичка припадност. Сопственикот на овој агрегатор на вести, иако ниту е стручен за тоа ниту е новинар, си ги подреди во сина и црвена боја сите медиуми како блиски до некоја политичка опција, а некои имаа среќа да ги одреди во исто време и како неутрални. Ваквите обиди да ги класифицира медиумите ние нема даги премолчиме ниту да ги дозволиме никому, а посебно не на некој што не е стручен за тоа.

Второ, цело време постои неоправдано форсирање на портали на пријатели кои не исполнуваат услови ниту да се најдат на агрегаторот на вести, односно да имаат 300.000 посети месечно, а истовремено вештачки се спуштаат други медиуми, иако објавиле први информација и имаат десетпати поголем број на посети од потребните за да бидат на овој агрегатор на вести.

Трето, со уценувачки речник се бараше продолжување на соработката, која ние секако ја одбиваме и понатаму не сакаме нашите медиуми да се наоѓаат на Time.mk ниту да му даваме моќ која реално и ја нема.

Интернет медиумите во склоп на Клип Медиа се сите сите стандарди- транспарентно истакнати редакции, докажани новинарски имиња, регулуиран статус на сите вработени, контакт во секое време, маркетинг служба, лектори, сниматели, монтажери, правна служба, и најбитно, со многу посети. Во такви услови, не дозволуваме никој да ни диктира услови.

Истовремено, ќе биде испратено и упатство за употреба на содржини сопственост на групацијата Клип Медиа груп до Time.mk, односно секаква содржина која ќе биде пронајдена на агрегаторот на вести, без разлика во каков облик, ќе биде цел на тужба од страна на нашата правна служба и ќе биде наплаќана по ценовникот достапен на секој портал на Клип Медиа груп.

Нашите читатели ги упатуваме дека вестите кои се на А1он, Макфакс Репортер, ТопСпорт, УСБ, ДодајГас ќе може да ги читаат директно на нашите портали, но и на другите агрегатори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This