ДО ГУША ВО ДОЛГОВИ: И Катица, и Лиле и Фатиме ги бооли глаава од кредити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Каков имот поседуваат специјалните обвинители, актуелни во неколку судски спорови кои се во моментот во фокусот на јавноста, е тема за која многу се зборува. Иако е познато дека платите во СЈО се многу високи, сепак анкетните листови кои ги доставиле до Антикорупциската комисија покажуваат дека Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и нивната шефица во оставка Катица Јанева имаат кредити и секој месец на банките им отплаќаат рати, пренесува Вечер.


Според анкетниот лист доставен до Антикорупциска, обвинителката Лиле Стефанова која сведочеше за случајот „Рекет“, на свое име пријавила заем и кредит од 600 илјади денари. Како што пишува во анкетниот лист кредитот ќе го исплаќа до 2020 година, а заемот од 1,2 милион денари, како што навела требало да го врати во 2017 година.

Нејзиниот сопруг има неколку парцели земјоделско земјиште во Радовиш, кои се подарок, како и куќи во Радовиш и Раклиш исто така подароци и возило „пежо 206“.

На име на децата пријавила стан во Скопје од 77 метри квадратни, проценет на 4,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, на свое име пријавила стан во Скопје, стекнат со договор за купопродажба, од 90 метри квадратни, проценет н

а пет милиони денари. На свое име, на анкетниот лист на ДКСК пријавила и два кредити, кои сè уште ги исплаќа. Едниот кредит е во висина од 78 илјади евра.

На свое име пријавила и златен накит, проценет на 600 илјади денари и возило „киа пиканто“. На сопругот му ја пријавила платата во висина од 11 илјади денари.

Само кредит на свое име во вредност од 170 илјади евра пријавила нејзината колешка Елизабета Јосифовска. На име на нејзиниот маж се пријавени два стана и две „тојота корола“ во Кичево, како и земјоделско земјиште во село Прострање. Станови во Скопје обвинителката Јосифова пријавила на име на нејзините деца.

Шефицата на СЈО, во заминување, Катица Јанева која денеска треба да сведочи за „Рекет“, пак ќе отплаќа три кредити во следните дваесетина години. На свое име пријавила кредити од 1,7 милиони денари, 1,9 милиони денари и 3,6 милиони денари, а два од нив треба да ги исплати до 2034 година. Ги зела во периодот 2014-2015 година.

Јанева пријавила кредит и на име на нејзините деца. Според нејзиниот анкетен лист, на име на децата пријавила два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за подарок. На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метар квадратен, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско. На свое име пријавила и „ровер 45“, а на име на децата возила „голф 4“ и „ауди А6“. Пријавила и неколку денарски депозити и кредитни картички на свое име и на име на децата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This