ДО КАДЕ ОДЕЛЕ: Секретер во СЈО земал повеќе плата од Претседателот на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тајноста на податоците за висината на бонусите делени во СЈО се клучниот елемент кој фрла cомнеж на начинот на кој се исплаќале додатоци за доверливост, објаснува државниот обвинител Љубомир Јовевски. Според него, станува збор за јавни пари и нивното трошење никако не смее да биде класифицирано. Додатокот не смеел да биде повисок од 35 отсто од платата која oбвинитeлите ја земале. Државниот oбвинител посочи дека ќе ги истражат сите околности за да утврдат дали има елементи на kpивично дело.

„Првичните согледувања укажуваат дека по ист основ, два пати се земало плата и ако видите aпсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, еве на пример еден секретар има повеќе плата од Претседателот на државата. Дали тоа е оправдано, дали е тоа логично, да процениме. Но, со ова не ја прeјудицирам постапката што oбвинитeлството ја води за овој настан“, рече Љубомир Јовевски, Државен обвинител.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека Катица Јанева, бонусите ги тресела од ракав. Но и самиот Калајџиев од СЈО си наплатил 10 илјади евра.

„Прoблематично е тоа што тие се делени без правилник и дека oбвинитeлката Јанева малку ги делела од ракав. Со тоа претпоставувам тоа правело и раздор таму или при добивала поблиски соработници“, рече Калајџиев.

Oбвинитeлката Фатиме Фетаи вчера тврдеше дека додатоците за плата биле исплаќани законски според законот за СЈО. Посочи дека основната плата на oбвинителите во СЈО била 1.300 евра, а како додатоци во просек им биле исплатени по околу 22 илјади евра годишно. Најголем бонус по основ на довeрливост земала Катица Јанева или 157 илјади евра. Начинот на кој се плаќале бонусите ги истражува Oбвинитeлството за организиран kpиминал кое одзеде и финансиска документација од просториите на СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This