ДО ПЕТОК ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ КАНДИДАТОТ НА СДСМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Се уште се разгледува можноста за консензуален претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ги прави последните подготовки и анализи за назначување на кандидат за претседател. Социјалдемократите до петок ќе излезат со конкретно име, а на крајот на неделата ќе се одржи партискиот конгрес каде името на кандидатот ќе биде официјализирано, пренесува Алсат.

Иако партиите пред неколку дена најавија дека политичката криза во рамките на коалициските партнери, ДУИ-СДСМ нема да влијае на преговорите за избор на заеднички кандидат, но ситуацијата во реалноста е поинаква. Во ДУИ не ја отвориле ниту внатрешната дебата во партијата за консензуален кандидат, додека СДСМ, неофицијално, се очекува да одлучи без да го чека конечниот став на ДУИ.

Преговорите не беа проширени ниту со движењето Беса и Алтернатива. Двата субјекта тврдат дека ништо не е дискутирано во рамките на партиите додека не дојде конкретно име од премиерот Зоран Заев. Беса и Алтернатива потврдуваат дека партиските лидери се во постојана комуникација со Заев. На денешната средба, СДСМ се очекува да го разгледа и прашањето за претседателски кандидат.
Најмногу се зборува за Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски или пак, ќе се оди со заеднички кандидат со коалициските партнери каде најмногу се истакнуваат имињата на Стево Пендаровски и Никола Димитров. Ако СДСМ се определи за партиски кандидат, ДУИ ќе ја разгледа можноста за заеднички кандидат со ДПА и Алтернатива или во трката ќе влезе сама.

Албанската опозиција продолжува со преговори. Неофицијално, Зиадин Села и Биљал Касами ги приближуваат ставовите за да излезат со заеднички кандидат, а како можно име се споменува професорот Блерим Река.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This