До 20 нoeмвpи cитe yчeници моpa да имaaт оцeнки за знaeњето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наставниците започнаа со оценување на учениците, процес што треба да заврши до 20 – ти ноември. Оценувањето се препорачува да се направи преку Интернет, како што е и наставниот процес. Сепак, има и наставниците кои ги повикуваат учениците да бидат тестирани со физичко присуство во училиште. Учениците од прва година во гимназијата Цветан Димов, се израдуваа што ќе дојдат на училиште, иако беа под стрес од фактот дека мора да бидат тестирани.

„Ние сме прво три и учиме фармација. Имаме тест по предметот анатомија. Веднаш на почетокот се адаптиравме. Професорите јасно ни покажаа како се користи онлајн системот. Научивме како треба, но имаме мал стрес“, вели Лејла Реџепи – ученичка.

„Дојдовме да направиме тест по предметот анатомија. Не знам и со физичко присуство имавме стрес, но вака уште повеќе. – Дали имавте потешкотии во учењето преку Интернет? – Првинн да, но потоа се прилагодивме. Се сеќаваме дека професорите многу добро ни објаснија и ние сега учиме“, додава Рејхан Сејфа – ученичка.

Вулнет Реџепи, професор по биологија во „Цветан Димов“, вели дека ги оценува учениците со физичко присуство. Тој го применува овој начин како што вели, кога има дилеми околу оценките на одредени ученици.

„Наставата се случува на комбиниран начин преку Интернет, но исто така и со физичко присуство, кога имаме случаи со ученици за кои се сомневаме во оценувањето. Првите години претставуваат најголем предизвик, затоа што не ги познаваме. Загрижува тоа затоа што тие се на почетокот, не се познаваат едни со други или со мене, затоа што наставниот процес е направен по електронски пат веќе два месеца“, вели професорот Реџепи.

Учениците, но и наставниците повеќепати бараа оценувањето да се изврши со физичко присуство, и го повторија барањето да се вратат на училиште, барање на кое Министерството за образование се противи заради состојбата со вирусот корона. Според упатството, средбите на наставниците со учениците треба да траат од 20 до 30 минути и на нив можат да учествуваат до 10 ученици. Критериумите за оценување и роковите за нивно доставување треба јасно да им се соопштат на учениците и родителите.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This