До kрајот на зимата сите во Германија ќе бидат вakцинирани, оздрaвени или пoчинaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска предупреди дека големиот и брз пораст на новозаразени укажува на тоа дека, најверојатно, сите оние што сѐ уште не се вакцинирани, ќе се заразат до крајот на зимата, а некои од нив и ќе умрат.

Официјалните податоци за иминатите 24 часа во Германија покажуваат повеќе од 30.000 новопотврдени случаи, што е зголемување од 50 % во однос на бројката пред една недела, пренесува АП.

Германските болници предупредуваат дека снемуваат капацитети на интензивна нега поради што некои од пациентите мора да бидат префрлени во други подалечни клиники.

Министерот за здравство, Шпан, ги повика Германците да се вакцинираат, вклучувајќи ја и третата доза вакцина, доколку од вакцинацијата со првите две дози поминало повеќе од шест месеци.

„До крајот на оваа зима речиси сите во Германија ќе бидат вакцинирани, оздравени или починати“, изјави Шпан за берлинските медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This