ДОKTOP ВЕЛИЧКОСКА: Без стpaв, вознемиpeност и паниka во услови на кopoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без страв, вознемиреност и паника во услови на коронавирус, порачува научен соработник д-р Елизабет Мицева Величкоска.

-Изминатиот период во медиумите, на социјалните мрежи, но и во домовите на секој од нас актуени и доминантно присутни се темите поврзани со ново настанатата состојба и психолошките реакции кои произлегувааат од неа. Страв, анкисозност и паника се најчесто слушаните термини кои кружат меѓу граѓаните, но истите не секогаш се адекватно интерпретирани односно адекватно употребувани. Истото доведува до тоа лицата со постоечки психички потешкотии и симптоми да бидат доведени во ситуација на стигматизација која ги обезхрабрува да побараат соодветна помош во дадената ситуација. Актуелните психолошки реакции кои слободно би се изразила дека се присутни кај секој од нас поединечно претставуваат сосема нормални реакции во ненормална стресна или кризна состојба и ситуација. Имено, нопходен услов за да дојде до манифестација на одредени психички тегоби е постоење на стресен настан кој може да биде од било каква природа-губиток на блиски, природни катастрофи, егзистенцијална загрозеност ( загрозеност на здравјето, финансиска загрозеност) и слично. Но прашањето е – дали секој од нас подеднакво ќе изреагира во дадената стресна ситуација? Секако дека не. Индивидуалната реакција на стресорот е условена од претходни искуства со стресни настани, значењето на самиот стресен настан за личноста,богатството на механизми за одбрана и справување, објаснува таа.

Докторката психијатар оценува дека стравот и паниката различно се манифестираат кај поединци.

-Значи, некој ќе манифестира преголема загриженост или преокупираност со негативни размислувања за негативен излез од ситуацијата, катасреофични исчекувања, други пак ќе манифестираат анскиозност или состојба на вознемиреност која речиси секогаш е пропратена и со телесни симптоми-потење, срцебиење, тресење на телото. Неретко кај некои можат да се јават и настапи на паника (страв од губиток на контрола) кои се екстремот на акумулираната анксиозност. И покрај тоа што во основа на овие негативни емоционални доживувања е мобилизирање на личноста, односно што подаекватно превземање на дадени препораки и соодветни мерки како и прилагодување на новонастанатата ситуација, постојат случаи каде што истите тие емоции ќе ја надвладеат можноста за рационална, разумна обработка на ситуацијата кога поединецот станува дисфункционален, несоодветно размислува и несоодветно на ситуацијата се однесува, образложува таа.

Доктор Мицева Величкоска спомнува дека присуството на негативни емоционални доживувања на загриженост, страв, анксиозност, особено во подолг временски период неповолно влијаат, не само врз психичкото функционирање на поединецот туку и врз севкупното соматско здравје.

-Имено, познато е дека во појавата на многу соматски состојби и заболувања лежи и психолошката компонента. За кои соматски состојби и заболувања станува збор? Тука би ги споменала таканаречените психосоматски заболувања (шеќерната болест, болсет на висиок крвен притисок, астма, проблеми со органите за варење, повеќе кожни заболувања и.т.н.). Доколку кај лица со дијагностицирана болест од овој тип не се делува навремено не се делува (во смисла на рано препознавање на негативните емоционални состојби во услови на актуелна стресна состојба), голем е ризикот да дојде до влошување на основното соматско стардање и покрај редовната терапија која е пропишана за третман на истата. Од таму и апелот до сите лица кај кои во дадената ситуација евентуално настапило или пак во иднина настапи влошување, да навремено побараат психолошка помош и подршка од средината, односно тимот на стручни лица на Клиниката за психијатри преку телефоните објавени за јавноста. И тоа што порано, тоа подобро. Навремената, и рана психолошка интервенција во првите денови и недели е од огромно значење не само за ублажување на тегобите од психолошка природа туки и за превенција од широка палета на посериозни психолошки последици, порачува таа.

Таа испраа и апел до граѓаните:

„И за на крај уште еден апел за сите оние кои имаат потреба од совет, поддршка, помош без колебање или пак страв од тоа дека ќе бидат стигматизирани да се свртат кон средината и тимот на стручни лица (психолози, психијатри) на Клиниката за психијатрија преку телефоните објавени во јавноста“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This