Драмата продолжува, украдена е изјавата на родилката што на Гинекологија ги криеше епидемиолошките контакти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на ГАК доктор Викторија Јовановска за „Слободен печат“ информира дека исчезнала изјавата на родилката што се претставуваше како лекарка, односно нејзината епидемиолошка анкета.

Како што вели Јовановска, за расчитување на случајот на клиниката ќе се вклучли и полицијата.

Наместо да се занимаваме со пациентите, ние се занимаваме со исчезнатата изјава. Ја имаме на камера како ја потпишува изјавата, ама самата изјава ја нема зашто некој ја украл. Направен е упад во медицинската документација, направен е упад во системот и навистина сме сите револтирани. Сакаат да ги направат докторите криминалци. Се гледа каде е дрпнато, скинато во документацијата и среќа ја имаме на камера како потпишува. Сега фали уште камерите да дојдат да ги скршат – вели директорката.

Од весникот објавуваат дека Јовановска трпи невидени притисоци да се повлече откако го обелодени скандалот и несовесното постапување на пациентката.

Извор: Слободен Печат

претходниот член,Уникатен зaчин и cилeн лeк
Следната статијаБрауни со урми без пeчeњe

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This