Драма во Ватикан: Маж зaмавнувал со нoж и се зakaнувал дека ќе ги yбиe сите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска, околу 17 часот, се случил инцидент пред базиликата Свети Петар во Ватикан, кога 46-годишен маж замавнувал со нож и се заканувал дека ќе ги убие сите, пренесуваат локалните медиуми.

Неидентификуваното осомничено лице, наводно од француска националност, и ставил кујнски нож на лицето на една жена која седела во локален ресторан, додека истовремено плукал врз толпата луѓе и извикувал „Ќе ве убијам сите вас“.

Напаѓачот исто така се исмејувал со преплашените туристи, пишуваат медиумите. Тој се движел кон туристичкото жариште на базиликата Свети Петар кога бил уапсен од локалната полиција.

Мажот носел ранец во кој биле пронајдени осум кујнски ножеви. Тој бил уапсен и се очекува да се изврши проценка на неговата психолошка состојба, пренесуваат агенциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This