Трудо побара од Папата да се извини во име на Католичката црква за жртвите во масовните гpoбници во католичките интернати во Канада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека го замолил папата Франциско да дојде во Канада и да се извини во име на Католичката црква за нејзината улога во интернатите за автохтони деца, откако беа откриени скоро 1.000 остатоци од тела во два масовни гробници.

„Разговарав директно со папата Франциско за да му укажам колку е важно не само да се извини, туку да дојде на канадско тло и да им се извини на канадски домородци. Знам дека раководството на Католичката црква активно работи на следните чекори, изјави Трудо, пренесува Ројтерс.

Домородната организација на Канада во четвртокот објави дека биле откриени 751 необележан гроб во урнатиот интернат Маривал во канадската провинција Саскачеван.

Само неколку недели претходно беа откриени остатоците од 215 тела.

Системот за интернати, кој постоел помеѓу 1831 и 1996 година, опфатил околу 150 000 автохтони деца кои им биле одземени на родителите и предадени на христијанските, претежно католички училишта за асимилација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This