ДРАМА ВО СОБРАНИЕ: Пратениците збунети, не знаат за што се расправа и што треба да се гласа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случуваше денеска во македонското собрание, а пратенците останаа збунети до крај, бидејќи не ни знаеја за што се расправа и за што треба да се гласа. Така прво беше најавено дека ќе се гласа за измени во Kpивичниoт закон, за подоцна сета промена да заврши со менување на само еден член.

Собранието попладнево со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се неколкумина пратеници од владиното мнозинство. Откако беа повлечени спорните измени на членот 354, мнозинството ќе расправа за измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Тој гласи:

„Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се кaзни со зaтвop од најмалку 5 години“.

Сега се менува на „4 години“.

По ова ќе заседаваат собраниските комисии каде ќе бидат разгледани предлозите.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека пратениците се збунети и не знаат кои измени се повлечени, а кои се предлагаат.

Барањето за измени на Kpивичниoт законик е поднесен па повлечен три пати од вчера до денес. Барам да ни објасните за кои измени треба да гласаме, затоа што пратениците не знаат веќе кој предлог е повлечен, а кој не е – рече Мицевски.

На тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговори дека предлагачот има право да повлече предлог според процедурата.

Измените се предложени од пратенците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди.

Претходно владејачкото мнозинство ги повлече од собраниска процедура измените на Кривичниот законик. Официјална информација зошто се повлечени нема, но како што се дознава тоа се прави поради притисокот од јавноста, но и од странски амбасади дека со измените се отвора можност за амнестија и на обвинетите во случаите кои ги води СЈО.

Измените предвидуваа промена на членот 353 според кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“. Со измените ќе се бараше одговорност само за оние функционери кои оставриле „имотна корист“.

Според собраниски извори, измените во КЗ било планирано да се носат во контекст на престојното гласање за предлог-амандманите на Уставот, откако премиерот Зоран Заев објави дека недостигаат уште четири гласа за двотретинско мнозинство. Проблематчни според проценките биле гласовите на независните пратеници Елизабета Канчевска – Милеска, Емилија Александрова, Нола Исмаилоска, Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ, кои директно или индиректно, се поврзани со случаи што ги води „СЈО“.

Измената влезе со потписи на пратеници.Собранискиот спикер Талат Џафери на стартот на седницата, која започна со задоцнување од речиси еден час информираше дека пратениците предлагачи ги повлекуваат измените.

Реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески дека набрзина се носат закони и дека се злоупотребува европското знаменце.

Повторно сме сведоци на ставање на европско знаменце, а не ги исполнуваат деловнички условите за да бидат така предложени. Устите ви беа полни со право, правна држава, а вие го кршите Деловникот и законите – рече Мицески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This