Дрвошанов: На Струмица и е потребна заложба за модерно и извозно ориентирано земјоделско производство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во деновите што следуваат вашата доверба ја бараме заради изградбата на новата булеварска инфраструктура која ќе ги поврзува граѓаните и заради изградба на современ градски пазар со можност повторно Струмица да го врати својот препознатлив изглед со своите квалитетни производи, порача кандидатот за градоначалник на Струмица од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Жан Дрвошанов, на вечерашниот митинг во Струмица.
-На Струмица и е потребна заложба за модерно и извозно ориентирано земјоделско производство, потребни и се нови понуди за стопанските гранки, нови вработувања и подобар стандард за граѓаните, нови можности за културен и спортски живот, рече Дрвошанов.
Нагласи дека еден од приоритетите е Струмица да биде еколошки чиста без диви депонии кои го загрозуваат здравјето на граѓаните.
-Мојот збор пред вас вечерва е силен и означува сигурна реализација на ветеното, сигурно решавање на проблемите. Газиме по отпад, загаден ни е воздухот, економијата ни тоне, а државата не реагира. Први тоа го видоа младите и решија да заминат насекаде во светот, а нам ни зададоа само една единствена обврска – да создадеме иднина за Македонија, да понудиме проекти, да направиме промена, да победиме. Да најдеме решение за овие 16 години натрупани проблеми, посочи Дрвошанов.
Тој рече дека програмата на сегашниот градоначалник е нереализирана и најави детална анализа за неодговорното работење на власта во Струмица.
Нагласи дека власта во Струмица може да се пофали само со фабриките кои се донесени од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што рече, немаат донесено ниту една инвестиција за струмичани

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This