Државниот завод за статистика апeлира: Попишувачот мора да се легитимира, да не се примаат дома лица кои немаат овластување и нема да се идентификуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попишувачите ангажирани за потребите на пописот имаат специјални овластувања издадени од Државниот завод за статистика и брендирани маици кои го содржат логото на Попис 2021. Тие најпрвин треба да го покажат овластувањето и со својата лична карта да се идентификуваат, а доколку лицето нема такво овластување, Државниот завод за статистика апелира граѓаните да не го примат во својот дом.
– На предната страна од овластувањето се наведени податоци за попишувачот: име и презиме, број на лична карта, пописен реон и седиште на Комисијата на пописниот реон. На задната страна од овластувањето има број под кој истото е заведено во архивата на Државниот завод за статистика, како и потпис од директорот и печат од Државниот завод за статистика, информираат од Државниот завод за статистика.
Попишувачот, напоменуваат од ДЗС, кога ќе дојде во домаќинството, најпрвин треба да го покаже овластувањето и со својата лична карта да се идентификува, а доколку лицето нема такво овластување, граѓаните да не го примат во својот дом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This