Претседателот на Република Македонија на денешната пресконференција по повод кризата со коронавирусот одржи пресконференција на која обвини дел од медимите за ширење на паника и лажни вести. Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски побара поконкретен одговор од претседателот на Република Македонија, односно тој да и открие на јавноста кои се тие креатори на лажни вести кој што организирано предизвикуваат паника кај граѓаните. Пендаровски во завиена форма ги обвини сите оние медиуми кои што пишуваа против Преспанскиот договор дека сега шират лажни вести и паника за коронавирусот.
-Јас намерно споменав дека станува збор за неколку случаи кои ги детектирале надлежните наши органи од областа на безбедноста и разузнувањето и се разбира не можам да споделам повеќе детали. Станува збор за истите ентитети, не се држави во прашање кои беа пројавени со таква активности и за време на референдумската кампања 2018-та година. Тоа е максимумот што можам да би го кажам, вели Пендаровски.