ДРУГАРОТ НА ЗАЕВ СО НОВИ ПРОВОКАЦИИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Да си прочитате историја, се погласни најавите за цензура на историските учебници во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на ТВ Стар линковски се вклучи лидерот на бугарската политичка партија ВМРО-БНД кој се осврна на договорот кој Република Македонија го потпиша со Република Бугарија, како и спорот околу одредени историски личности. Каракачанов инаку важи за поддржувач на политиките на Зоран Заев и владината гарнитура, кои покажаа дека немаат проблем да му го пружат тоа задоволство и да потврдат дека македонскиот и бугарскиот се ист народ.

Според Каракачанов, македонскиот народ кој живее во источниот дел на Република Македонија се чувствува како бугарски и нивните предци биле бугари кои низ годините се населиле во Република Македонија. Тој исто така вели дека Република Македонија и македонскиот народ не треба со вжештена глава да се борат да докажат дека македонскиот јазик отсекогаш бил македонски и дека одредени историски личности се македонци, бидејќи според него постојат записи кои укажуваат на тоа дека Македонскиот јазик постои од 1944 година.

“Секојдневно слушам и читам по медиумите како Гоце Делчев е македонец, Христо Татарчев е македонец. Тоа не е вистина. Не е потребно никакво меѓусебно кошкање на таа основа бидејќи во историјата јасно пишува кој од каде бил и кој за која држава се борел. Доволно е да прочитате историја и ќе ви биде јасно. Таквите тврдења дека овие историски личности се македонци, се голема лага и заблуда”, вели Каракачанов.

Каракачанов додаде дека за разлика од македонците кои живеат во Република Бугарија, во Македонија живеат македонци кои се чувствуваат како бугари и нивната припадност треба да се признае како таква. Според него Република Македонија треба да ја признае реалната историја и да признае дека голем број на историски личности се бугари кои низ времето твореле на територијата на Република Македонија.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This