ДУИ ГИ КРИЕ ОДГОВОРНИТЕ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ЧАИР: Цел месец по пукањето во Чаир, Спасовски не може да ги најде „каубојците“ од ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи се уште работи на утврдување на идентитетот на оние кои пукаа со огнено оружје на плоштадот „Скендербег“ за време на прославата на ДУИ по изборната победа во Чаир во првиот круг. На прашањето дали се покренати прекршочни постапки за загрозување на јавниот ред и мир, од полицијата велат дека до сега се извршени разговори со четири лица – пренесува Фокус

„Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје превземени се мерки и активности во рамки на кои, меѓу другото, извршени се разговори со четири лица. Исто така, по издадена наредба од надлежен Јавен обвинител побарани се снимки од камери и се работи на утврдување на идентитетот на лица инволвирани во настанот како и на целосно расчистување на случајот“, велат од Министерството.

Од настанот до сега помина повеќе од еден месец, а коалиционите партнери на Спасовски сеуште не сакаат да ги посочат одговорните за пукањето по повод прославата на победата во општина Чаир.

Ресорниот министер, Оливер Спасовски, веднаш по случувањето изјави дека ќе следаат соодветни санкции за тие што со истрели ги прославија изборните резултати во Чаир. Полицијата, рече, нема да постапува селективно. И во изјавата дадена пред еден месец Спасовски вели дека МВР работи на расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This