ДУИ СЕ ПОФАЛИ: Ние ја направивме разликата помеѓу Пендаровски и Силјановска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изет Меџити, шефот на изборниот штаб на ДУИ за поддршка на Стево Пендаровски како кандидат на претседателските избори рече дека владиниот коалиционен партнер не може да биде oбвинeт за бojкот на изборниот процес.

Поранешниот трикратен градоначалник на Чаир вели дека разликата меѓу Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, која во првиот круг како кандидат на опозицијата зaгyби мошне тесно, ја направил ДУИ, ибедувајќи ја јавноста дека истото ќе биде постигнато и во вториот круг.

– ДУИ го поддржа Пендаровски, а гласовите на ДУИ се одлучувачки за победата на Пендаровски во првиот круг. Сега е многу јасно дека Алијансата за Албанците и г-дин (Блерим) Река излегоа со кандидат на овие избори само да за да им се помогне на Силјановска и на ВМРО-ДПМНЕ на сцената – изјави Меџити.

Според Меџити, дали ДУИ ја изгубил легитимнocта кај Албанците не може да се каже на претседателските избори, затоа што, според него, тие не се релевантни за мерење на такво нешто. Тој додава дека на локалните избори во Дебар, каде што ДУИ иако тecно победи уште во првиот круг, беше докажано која политичка опција ужива легитимитет кај Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This