ДУИ со нова зaкaнa секој ден, македонските партии мора да прифатат премиер Албанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и ВМРО може да имаат многу разлики, но кога станува збор за неприфаќање на aлбанската заедница во врвот на власта, тие се исти. Но, ако ние Албанците се обединиме за еден премиер Албанец ниту еден од нив не може да не спречи, се вели во соопштението на ДУИ.

„Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе нѐ оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи”, е тоа што денеска го изјави претседателот на ВМРО Мицковски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ, Заев, кој пред само неколку дена строго ѝ се спротистави на идејата за премиер Албанец, истакнувајќи „ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната влада”.

Од партијата на Али Ахмети велат дека СДСМ и ВМРО и порано демоинстрирале истомисленост за власта резервирана ексклузивно за македонските партии. Груевски официјално целеше на 61 пратеник во изборите 2016 година за да го отстрани влијанието на Албанците во политичките одлуки. Заев истото го потврди во март 2020 година.

Исто како што Груевски не успеа во тоа време, Заев и Мицкоски исто така нема да успеат и овој пат во елиминацијата на клучното влијание на Албанците во политиката во Северна Македонија, велат од ДУИ.

„На овие избори ние целиме кон првиот премиер Албанец и ако Албанците се обединат зад ова кауза, ние тоа ќе го оствариме. Со еден силен и унифициран албански глас, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за премиер Албанец бидејќи ниту една од нив нема да го има потребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците.

После три децении на двоецот на македонската власт, време е за една нова епоха во политиката, каде Албанците ќе го заземат нивниот еднаков дел на власта и каде ќе го имаме првиот премиер Албанец во Северна Македонија“, соопшти ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This