ДУИ koнтра Царовска: Ахмети ги подржа барањата на матурантите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средношколците кои ја бојкотираат наставата и бараат измени на полагањето на државна матура попладнево добиле поддршка од ДУИ за своите барања. Пратеници од ДУИ ги поддржале барањата на средношколците наместо четири да се полагаат два предмети за матура, но не се изјасниле за предлог измените кои ги достави ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите, ДУИ преку своите претставници во Владата ќе се обиде барањата на средношколците да се стават на дневен ред на владина седница откако министерката за образование, Мила Царовска рече дека нема да има промени на моделот за полагање на матура.

Средношколците до петок ќе ја бојкотираат наставата, а потоа ќе го чекаат исходот од владините седници. Ако нивните барања не ги остварат таму пак ќе се вратат во Собрание каде имаа средби со сите партии и добија поддршка од сите опозициски партии во Парламентот, но не и од владејачката СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This