Започнува дислоцирањето на трите галии од Вардар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трите галии сместени во реката Вардар конечно ќе се отстранат. Нема да отпловат, туку целосно ќе бидат дислоцирани од Вардар. Од Град Скопје, велат дека се исполнети сите услови за отпочнување на постапка за отстранување на галијата која се наоѓа кај хотелот „Холидеј Ин“.

Иако овие промени ги чинат граѓаните милиони евра согласно Проектот „Скопје 2014“, сепак повеќето од граѓаните што ги анкетиравме, изјавија дека се против нивното отстранување, бидејќи како што велат, им се допаѓа глетката.

Од Град Скопје, за ТВ21 рекоа дека очекуваат следната недела да се утврди динамиката и во рок од 40 до 60 дена да се отстранат.

„Спроведувањето на овие одлуки беа одложени поради судските постапки и тужбите на сопствениците на галиите на решението на Град Скопје за раскинување на договорите“, велат од Град Скопје.

„Во моментов, целосно се исполнети условите за отпочнување на постапката за отстранување на галијата кај „Холидеј ин“. Очекуваме во текот на наредната недела да се утврди динамиката за истото и во рок од 40 до 60 дена истата да биде отстранета. За галијата кај МЕПСО сè уште не се завршени судските постапки)“

Петре Шилегов, пред да стане градоначалник на Град Скопје, рече дека ќе ги дислоцира трите галии. Како што објаснува, работата се одолговлекла поради судските постапки, односно поради тоа што сопствениците поднеле тужба против одлуката на градските власти за укинување на договорот. Со отстранување на бродовите, првиот човек на Скопје, вели дека ќе се подобри и течението на реката Вардар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This