ДУПKA ДЛАБОКА 4 МЕТРИ ОТКРИЕНА ПО ГPEБЕЊЕТО НА ACФАЛТОТ НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На дупка длабока 4 метри наишле работниците кои работат на реконструкција на булеварот Александар Македонски, на источниот влез во Скопје. Во текот на денешните градежните работи за гребење на дел од асфалтот, работниците откриле дупка која во делови била длабока до четири метри.

Фотографии од состојбата на терен сподели градоначалникот Петре Шилегов велејќи дека е среќа што досега улицата не продаднала.

„Кога некоја инфраструктура не се одржувала повеќе од 40 години, тогаш изгледа за жал дека е многу нормално при реконструкција да наидете на дупка длабока 4 метри. Само среќа ги чувала сите кои поминувале по булеварот Александар Македонски, а патот не пропаднал. Веќе започнавме со санација и нема да доцниме со реконструкцијата“, напиша Шилегов на неговиот фејсбук профил.

Град Скопје на 5 септември почна со реконструкцијата на булеварот Александар Македонски во општина Гази Баба, на потегот од крстосницата со улица 16 Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Градежните работи ќе траат 40 дена, а на терен работат три фирми.

Од Град Скопје апелираат до граѓаните кои се жалат на метежот во овој дел од Скопје, додека траат градежните работи да ја користат обиколницата за влез во градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This