Дали Дарко Панчев е спортистот на кој му “изгopeа” 7 милиони евpa во Еуростандард?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По информациите кои се појавија вчера дека на големото македонско спортско име му отидоа седум милиони евра влог во Еуростандард банка, која инаку отиде во стечај, прва асоцијација на поратлот „Експрес“ беше дека тоа е токму Дарко Панчев.

Во информациите што беа пласирани, повикувајќи се извор кој имал увид во листата на должници, иницијалите на најоштетениот штедач во Еуростандард банка се поклопувале со иницијали на екс-спортист со меѓународна кариера, „кој бил дел од светски шампиони, но меѓународната кариера ја завршил по кратко време откако не успеал да го даде очекуваниот квалитет во клуб кој е еден од најбогатите и најпопуларните во Европа“, а патем има и угостителски бизнис, но и дал поддршка за референдумот за промена на уставното име. Иако името на спортистот не е јавно објавено, асоцијацијата на јавноста е дека станува збор за Панчев, па директно го прашавме за тоа дали спортистот кој останал без милионската заштеда во неодамна затворената банка.

„Најмногу ми е жал за оние мали луѓе кои ја хранеа својата празна душа со вакви дезинформации за на крај да бидат разочарани заради оваа невистина. Јас седум милиони евра во банка немам и не знам на кого му паѓаат вакви идеи и која е целта за вакви шпекулации. Исто така сочувствувам со сите оние оштетени граѓани кои настрадаа, со надеж дека нашите институции ќе најдат начин да им помогнат на овие луѓе“, вели Панчев, ексклузивно за Спорт1.

Македонската „кобра“ кој после европската и светска титула со Црвена Звезда во 1991 година, кога ја освои и „златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа, како и „сребрената топка“ за најдобар фудбалер, направи трансфер во Интер една година подоцна и тој трансфер во тоа време беше меѓу петте најголеми во светот, за сума која се споменуваше од над 20 милиони тогашни германски марки.

„Не е првпат да се пуштаат дезинформации по портали, па и за мене и ова е уште еден доказ дека треба институциите да најдат решение за ова, зашто не може секој да пишува што ќе му текне без никаква одговорност. Најмногу зашто читателите за жал многу често веруваат на лагите кои се пласираат. Сепак, на сите тие што се радуваат на туѓи несреќи посакувам Господ да им даде само убавини за да научат да сакаат, а не да мразат“, додава Панчев.

Еуростандард банка пред еден месец отиде во стечај откако Народната банка ѝ ја одзема лиценцата за работа, а сите штедачи ќе си ги добијат своите заштеди до 30.000 евра од државата кои се осигурани, а за останатите што имаат поголеми денарски или девизни депозити ќе ги побаруваат паричните средства од стечајната маса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This