ДУРЛОВСКИ ДО ДИМИТРОВ: Ја распpoдадовте државата, под изговop дека нè чека блескава иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оперскиот пејач Игор Дурловски јавно му се обрати на министерот за надворешни работи Никола Димитров по објавениот документ дека Бугарија ќе ја блокира Македонија, ако не се откаже од својата историја, македонскиот јазик и македонското малцинство од Бугарија.

-Господине Димитров, партијата на која не сакате да и го изговорите името го изгради целото ваше професионално портфолио, барем она со кое објективно, колку толку, можете да се пофалите, како Амбасадор во САД, во Холандија..Но, вашите апетити беа поголеми.Да, станавте министер за надворешни работи, но по пат изгубивте се останато.

Ја распродадовте државата, националните интереси, се што е свето, под изговор дека не чека блескава иднина! Каде е сега таа иднина? Каде е заокружениот датум за преговори? Вие не ги решивте горливите прашања, со сите договори кои ги потпишавте, генериравте катастрофални последици, со кои ке се соочуваат и генерациите по нас.

Најголемиот срам за еден човек е да не се срами од сопствените грешки, напиша Дурловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This