ДУШКО МЛЕКАРОТ ГО „ДРОБИ“ КИРАЦОСКИ: Секретарот на СДС не дозволува избори во РЕК Битола, Ковачевски си купил диплома!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Душан Илиевски познат и како Душко млекарот од Битола, активист на СДСМ упати сериозни обвинувања до неговиот сограѓанин, генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

На социјалните мрежи Душко млекарот за Кирацовски напиша дека се обидува да спречи легални избори на синдикатот во РЕК Битола со цел на чело на синдикатот да постави човек кој е негов послушник.

 

Илиевски додава и дека поради написите против генералниот секретар на СДСМ, истиот му се реванширал со тоа што го повлекол адвокатот кој му го доделил СДСМ за да го брани поради неговото учество во немирите на шарената платеничка „револуција“, односно за напад на службено лице.

 

Покрај Кирацовски, Душан Илиевски „Млекарот“ ги обвинува и другите негови сопартијци од Битола за кои тврди дека има докази за незаконски постапки. Па така на мета на „Млекарот“ се најде и Васко Ковачевски, пратеник и претседател на битолскиот огранок на СДСМ. Него Илиевски го обвинува за купена диплома во незаконска постапка.

 

Ова не е прв пат Душко Млекарот да открива скандали за сопствената партија. Неодамна напиша дека Кирацовски и Ковачевски од СДСМ Битола направиле „јавна куќа“ и дека ќе остане СДСМ до крај но ќе продолжи да објавува информации за „криминалците кои профитираа од СДСМ и што наплаќаа пари од бизнисмени за својот џеб“.

Душко млекарот преку Фејсбук испрати порака до пратеникот Васко Ковачевски, кој е од Битола. Тој во пораката вели дека ја сака СДСМ и дека ќе остане СДСМ, но тој вели дека сегашното раководство на партијата, гледа само да профитира од партијата и да го наполни својот џеб.

Во друг пост на Фејсбук Илиевски освен Ковачевкси го напаѓа и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, тој им порача дека и на двајцата кариерата ќе им заврши исто како и на Менде Диневски од Битола. Тој го прашува дали се сеќава на заедничкиот прес кој го држеле пред Министерството за внатрешни работи и вели дека тие сега се однесуваат како шерифи во партијата.Тој на Фејсбук напиша и дека Васко Ковачевкси кажувал да не се фотографира на средба со бизнисмени, бидејќи тие не сакале да бидат фотографирани. Тој во постот вели дека бизнисмените не можело, а обичниот народ како него може да биде фотографиран за ТВ маркетинг од страна на СДСМ.

Тој објави и фотографија каде што вели дека потпретседателката на СДСМ и министерка на внатрешни работа, Радмила Шекеринска барале да бидат исклучени телефоните на средба со граѓани, за да не снимале.

Незадоволството од работата и односот на Владата на СДСМ покажуваат најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија, а голем е делот и на оние нивни членови и силни подрржувачи кои силно ја критикуваат работата на новата Владата.

Граѓаните велат дека СДСМ не исполнува ништо од ветувањата, место 500 евра просечна плата, откако е СДСМ на власт просечната плата паѓа, пензионерите нема веќе да го имаат покачувањето на пензиите, земјоделците ќе останат без субвенциите. Граѓаните се чувствуваат прелажани од новата власт, за која што како што велат, гледа само да го наполни својот џеб, според нив животот дојде само на лугето блиски до раководството на СДСМ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This