Д-р Даниловски: Дpжaвитe кoи гo кopиcтaт лekoт „Ивермектин“ имaaт мнoгy пoмaлa cmpтнocт oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфектологот д-р Драган Даниловски вели дека секаде каде што се користел лекот „Ивермектин“ во борбата против Ковид-19 смртноста е помала.

Станува збор за стар лек кој во Македонија е дозволен за користење само кај животните.

-„Ивермектинот“ е антипаразитален лек, 40 години познат. Неговото откритие е наградено со Нобелова награда во 2015 година. Дополнително, се наоѓа на листата на т.н. есенцијални, суштински лекови на Светската здравствена организација. Единствениот од сите познати лекови досега што се употребуваа, паметиме ние, антималараци се користеа, хидроксилороквин, хлороквин. Потоа популарен стана „Ремдесивирот“ кој што е многу скап, меѓутоа, има дејство само ако се даде во првите пет дена после инфекцијата, потоа „хларипиравир“ го увезовме, ама тој е ефикасен само ако се даде во првите пет-шест дена. Овој лек, научно е докажано, има над 27 студии, покажано е дека делува не само во првите денови на инфекцијата, туку делува и во одмината фаза на болеста. И нешто што е многу интересно, може да делува и профилактично, вели Даниловски во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.

Појаснува дека луѓето што се изложени на инфекцијата, како здравствените работници ако го пијат додека се здрави може да го намалат ризикот за инфекција. Вели дека во една студија се вели оти оние кои превентивно го земале овој лек воопшто не биле заразени со коронавирусот.

-Ако го споменам и моментот дека пред недела дена имавме еден драматичен апел од светски здравствени авторитети од т.н. Алијанса на критичната нега или заштита, што е во прв ред на Ковид-19, тројца прочуени доктори кои што работат во интензивна нега упатија драматичен апел до светските здравствени авторитети „Ивермектинот“ да биде одобрен за профилакса, но и за третман, вели д-р Даниловски.

Тој појаснува дека овој лек се користи во Австралија, Нов Зеланд и африканските држави, а како што вели, само прашање на време е кога ќе почне да се користи и кај нас.

Во моментот во Македонија овој лек го има само во прашкаста форма за ветеринарна употреба, а за да може луѓето да го користат мора да биде во таблети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This