April 27, 2024, 10:28 pm

Д-р Кон дaдe oдгoвop нa пpaшaњeтo кoe cитe ги интepecиpa: Дo кoгa ќe мopaмe дa нocимe мacки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кризниот штаб веќе направи се што е важно, а ќе се чувствува потребата од него барем уште половина година. Ќе имаме вакцина и треба што порано да се употреби, рекол епидеmиологот Предраг Кон.

Брзината на организирање на вакцинирањето директно влијае врз текот на пандеmијата, рекол Кон. Тој како пример го навел Израел кој за десетина дена вакцинирал повеќе од милион луѓе додека вакцинирањето значително побавно се одвива во САД.

„После првите два брана имаме измерено дека 27,5 отсто од луѓето биле во контакт со болеста, а во третиот бран околу 35-40 отсто. Потребно е 60 отсто од луѓето да бидат имуни, а за тоа е потребно да се вакцинираат околу милион ипол граѓани во Србија. Тоа засега зависи исклучиво од нас“, рекол Кон.

Епидемилиогот вели дека треба да се очекува ситуацијата да биде подобра од ден во ден, но и дека ќе ги почувствуваме последиците на собиранките и прошетките, посебно во Белград после Божиќ.

Основното прашање чиј одговор сакаат да го знаат сите граѓани е до кога ќе носиме маски.

„Тоа пред се зависи од имунитетот. Со 60 отсто болеста се уште може да циркулира, но секако тоа ќе биде помалку од сега. За болеста да престане да циркулира во популацијата потребно е имунитет да имаат повеќе од 80 отсто од луѓето, а за тоа во Србија треба да се вакцинираат околу 3,5 милиони луѓе“, објаснува Кон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This