Д-р Кунгуловски: Носењето маски на отворено, каде што нема висока концентрација на луѓе, е тотална глупост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија на 11-тата седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде, па дури и на отворено.

Д-р Горан Кунгуловски во изјава која ја пренесе КАЈГАНА ја аргументира неоправданоста на мерката за задолжително носење заштитни маски на отворено, како и важноста од едукација на населението за правилно користење на маските.

-Носењето на маски во затворени простории, невентилирани простории, места со голема концентрација на луѓе и слично е една од најдобрите стратегии за намалување на пренесувањето на коронавирусот SARS-CoV-2 и сите останати сезонски вируси коишто следуваат. Докажано е преку експерименти и модели дека индивидуалното и колективното носење на маски ја намалува веројатноста на една индивидуа да зарази друга и статистички таа индивидуа да зарази трети индивидуи. Значи носењето на маски има значаен ефект и поради тоа нѐ заштитува сите, смета д-р Кунгуловски.

„Но носењето на маски на отворено, каде што нема висока концентрација на луѓе, кадешто нема долготрајна концентрација на луѓе е тотална глупост. Нема никаква научна основа, нема никаков здравствен бенефит (освен што можеби како шалче ќе ни ги топли лицата зимоска), туку само директно и непотребно ги нарушува слободите на граѓаните. Единствен начин кога е прифатливо слободата да се намали или наруши (да се направи trade off) е кога во прашање се доведува животот и здравјето на индивидуите во едно општество. Носење на маски на отворено, не е тоа“, дециден е д-р Кунгуловски во неговата објава на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This