April 26, 2024, 10:50 pm

Д-р Пановски: Иако ми беше понудено, нема да бидам кандидат за градоначалник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едноставно, немам ниту искуство, ниту знаење за таа функција, а според тоа, разбирливо, ниту волја да ја работам, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за порталот „Локално“, во врска со неговите амбиции да стане кандидат за градоначалник на престојните локални избори.

Имено, д-р Никола Пановски е дел од новото граѓанско движење на центарот кое пред неколку дена го промовираа партиите ЛДП и ДОМ.

– Целата ми е да помогнам ова движење да освои релевантен број на гласови на локалните избори, што поголем број на советници во советети, кои ќе имаат моќ да носат одлуки во интерес на граѓаните, и да спречат носење на урбанистички планови кои се спротивни на здравото и пристојно живеење на граѓаните, објаснува тој.

Според д-р Пановски, како што изјавил за порталот „Локално“, стручноста, одговорноста, културата на дијалог, љубовта место омраза, се шанса за да се спаси државата од погубниот антагонизам меѓу двете најголеми партии кои, според него земјава ја носат во амбис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This