Д-р Пановски: Pизикoт од Koвид-19 ќе бидe пoгoлeм кoгa ќe ce зaгaди вoздyхoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тешко е да се очекува дека децата цел ден ќе носат и маски. Се зависи од временските прилики, кога ќе се загади воздухот, кога ќе бидат затворени прозорите навистина опасноста е се поголема и поголема, вели микробиологот Никола Пановски.

Побезбедно ќе беше групите со ученици да се намалат на по 10 деца, додава тој, но нагласува и дека надлежните задоцниле со стартот на учебната година, која според него требала да почне уште во август кога временските услови дозволуваа децата да учат и на отворен простор.

Требаше тоа да биде подготвено уште во март месец па дури и онлајн да беше, зошто се одлага? Не мора на оваа платформа да е, знаете на тоа до сега што си учеа децата да продолжат, нешто ќе научеа. да не зборам што можеше надвор да држат настава со отворени прозори, значи никаква опасност… Мене ми е криво што децата сега се многу повеќе во контакт отколку што ќе беа ако беа во училиште, вели Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This