Д-р Стевановиќ: Бројките поврзани со Koвид-19 кои ги известуваме се апсолутно точни од самиот почеток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не треба да се опуштаме во почитување на мерките, а треба да се биде и крајно внимателен во однос на прогнозите што се даваат во врска со ковид-19, предупредува директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ, во нејзиното денешно гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

– Едно е сигурно, дека бројките што ги известуваме се апсолутни од првиот пациент влезен во државата како позитивен. Има многу логичен тек на бројки, падови и порасти. Тоа не можам да го гарантирам за бројките од регионот, но кај нас текот е логичен. Пандемијата не може да се спореди со ништо што сме искусиле до денес, јас белиот мантил го носам 25 години и сум била лекар во повеќе различни епидемии. Треба да се биде сериозно внимателен во однос на прогнозите што се даваат и да не очекуваме дека со некое магично стапче ова ќе исчезне, вели Стевановиќ.
Таа смета дека уште долго ќе има пациенти кои ќе се лекуваат од ковид-19 и затоа треба да се реорганизираат медицинските капацитети што, според неа, секако се планира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This