April 27, 2024, 11:44 pm

Дeнec ќe ce oдлyчyвa кaкo Македонија ќe ja пpoдoлжи вakцинaциjaтa co „АстраЗенека“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како Македонија ќе ја продолжи вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ по ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА) се уште не е познато.

ЕМА соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

Курир се обрати до Министерството за здравство од каде побаравме одговор каква одлука ќе се донесе по однос на вакцинацијата со оваа вакцина и дали ќе започне вакцинација на лица под 60 годишна со „АстраЗенека“.

-Националната комисија за имунизација ќе заземе став во текот на денот и јавноста ќе биде информирана, е одговорот кој го добивме од Министерството за здравство.

На крајот на минатиот месец министерот Венко Филипче информираше дека Македонија нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „АстраЗенека“, по примерот на Германија и Канада, додека ЕМА не се произнесе, што се случи вчера.

Во тек е вакцинацијата со оваа вакцина на лицата постари од 77 години бидејќи кај оваа возрасна категорија граѓани не се забележани негативни ефекти од „АстраЗенека“

ЕМА вчера соопшти дека при донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини.

-Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

ЕМА на овој начин се откажа од давање препораки и државите ќе мора да ги проценат ризиците од продолжување на употребата на вакцината „АстраЗенека“. Во Франција веќе се поднесени првите тужби поради смртта на луѓе по примањето на вакцината „АстраЗенека“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This