Дeтaли за полициckaтa akциja вo Пpилeп: Уaпceн yштe eдeн kpиmинaлeц кoj ce фотогpaфиpaше co 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на 16 локации во Прилеп, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин, мобилни телефони и други предмети, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа криминалистичка истрага за повеќе лица инволвирани во недозволена продажба на хероин, кокаин, марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп. Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија.

(фото: МВР)
Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин, мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34), соопшти Ангеловски.

(фото: МВР)
Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.

Неофицијално меѓу осомничените се сопственици и менаџери на локали и хотели, како и полициски службеници.

Според информациите на „Инфомакс“, меѓу уапсените е Јове Џагардуроски, член и истакнат активист на СДСМ, менаџер во ресторанот „Ла Пјаца“ за кој се зборува дека е сопственост на директот на Царинската управа на Р.Македонија Горан Сугарески.

Упатените во партиските случувања во СДСМ, за „Инфомакс“ тврдат дека се работи за внатрепартиска пресметка помеѓу Зоран Заев и фракции кои на претстојниот партиски конгрес би се спротивставиле на владеењето на актуелниот партиски лидер.

На социјалните мрежи, Џагардуроски редовно објавувал и фотографии од неговите дружби со началникот на ОВР Прилеп Кире Спиркоски – Чипсио.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This