Дoдeкa мy ja гoнaт фaмилиjaта: Шекepинска го чecтита Денот на ocлободувањето на Скопje со cликa од Чeнтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да разберете што е иронија мора да ја познавате историјата. Еве на пример иронија е тоа што министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес го честита Денот на ослободувањето на Скопје со слика од Ченто, додека неговиот внук се наоѓа по затворите за наводен тероризам.

Кривичниот суд во Скопје очигледно донесе нарачана пресуда кога за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“ 17 луѓе осуди на повеќе од 200 години затвор.

На обвинетие им се судеше за терористичко загрозување на уставниот поредок, а внукот на првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто, Јане Ченто беше осуден на 15 години затвор.

Фотографијата од Ченто погоре е направена откако тој брутално беше претепан во затворот.

Судијката Добрила Кацарска која сега треба да биде унапредена во врховен судија го водеше случајот.

За иронијата да биде уште поголема бугарскиот Европратеник, Ангел Џамбаски, кој истовремено е потпретседател на партијата ВМРО-БНД, на својот Твитер профил објави фотографија од писмо за кое тврди дека е сопственост на бабата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Ова е писмото испратено од бабата на Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на РСМ, до директорот на одделот за пензии во кое бара помош. Забележете за што се борел нејзиниот покоен сопруг.

Очигледно фамилијата на министерката за време на втората светска војна се борела на другата страна од таа на која се борела фамилијата на Ченто.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This