April 30, 2024, 12:08 pm

Дoниpaнитe вakцини oд Унгарија гpaничнaтa пoлициja ќe ги тpaмпa зa „Cинoфapм“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Донацијата од шест илјади вакцини „Астра-Зенека“, што македонските гранични полицајци ја добија од Унгарија, нема да заврши кај нив, затоа што повеќето се помлади од 60 години, а за таа возрасна категорија во земјава е забрането да се примаат вакцини од овој производител.

Како што дознава Слободен печат, решено е подарените дози од „Астра-Зенека“ да му бидат предадени на Министерството за здравство, а министерството како замена на граничната полиција ќе и даде вакцини од „Синофарм“, кои може да се аплицираат на помлади од 60 години, какви што се поголемиот број граничните полициски службеници.

„Припадниците на полицијата не се вакцинираат на територијата на Република Србија. МВР доби донација од Унгарија од 6.000 дози од вакцината Астра-Зенека кои нема да бидат наменети за припадниците на полицијата, туку за нив ќе бидат обезбедени 6 илјади дози вакцини Синофарм, а вакцините од донацијата ќе бидат искористени за вакцинација и ревакцинација на граѓани над 60 годишна возраст”, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This